Туристичките работници се жалат поради неангажираноста на институциите за информирање на странските туристи во врска со ковид протоколите во земјава. Обвинуваат дека МВР не ги ажурира информациите а на веб страницата на МЗ нема никаква информација на англиски јазик за туристите да можат да се информираат за епидемиолошката состојба во земјава.
За подобрување на состојбата, освен силната промоција, особено во регионот, Здружението предлага и поддршка за воздушниот сообраќај како и гратис паркинг за сите странски возила и автобуси.
Од Здружението на угостители и туризам при стопанската комора на Северна Македонија, велат дека земјава не ги губи само туристите туку и позициите како туристичка дестинација. Нема чартери, нема доволно автобуси, ниту доволно организирани патувања кон Северна Македонија.
