Туризмот го обединува Балканот – не се виновни народите ако не можат да се договорат политичарите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Не се виновни народите ако не можат да се договорат политичарите. „ Туризмот го обединува Балканот’ е мотото на Меѓународниот настан на кој беа доделени Балканските награди на туристичката индистрија во Софија, традиционално по седми пат. Македонија доби две награди, за најпријателски хотел на Балканот и Најдобар хотел и спа одморалиште на Балканот.

„Упативме апел и кон македонските политичари и кон бугарските да изнајдат разумно решение што поскоро да се реши оваа ситуација за да можат и македонските и бугарските туристи во поголем број да патуваат во соседната земја. Поставивме една цел за 10 години да има 1 милион македонски туристи во Бугарија и 2 милиони бугарски туристи во Македонија.“, рече Аркан Керим, поранешен претседател на СУТК.

Но, поранешниот претседател на Стопанската комора за туризам укажува на тоа дека треба да се направи патот Скопје-Софија. Да не се патува како до сега 4-5 часа, туку за час и половина, бидејќи 220 км според него да се патува четири часа е апсурдно. За четири часа може да се стигне авионски во Дубаи, па вели попрво туристите би оделе во Дубаи отколку во Скопје и Софија.

„Настанот го организиравме со многу наши европски партнери, медиумски партнери од Бугарија и балканските земји како од Косово, Албанија, Турција, сериозен настап со околу 150-200 учесници. Имаше официјални лица претставници од министерствата. На тој начин го обединуваме Балканот во време на пандемија, за разлика од политиката која разединува.“, вели Дони Георгиев, организатор на настанот „Туризмот го обединува Балканот“.

Пред пандемијата како за потсетување во 400 000 туристи ја посетуваа Бугарија особено во ски-сезона, а околу 100 000 бугарски туристи Македонија. На свеченоста присуствуваа претставници на амбасадите на Албанија, Косово, Грција и Турција во Бугарија.