Турската заедница бара поништување на пописот – „Бројките се нереални, не прифаќаме резултати под 7%“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Турската заедница во Северна Македонија не ги прифаќа резултатите од пописот. Националното координативно тело за попис на населението поднесе жалба до Заводот за статистика. Велат дека пописот е спроведен со кршење на уставните и законските одредби.

На прашањето какви се нивните пресметки за процентот на Турците кои живеат во Македонија, тие не одговорија конкретно, но претставниците на оваа заедница велат дека не прифаќаат резултати кои се под 7%. Поранешниот пратеник Ердоган Сарач го нарекува процесот политичка операција и сака тој да се повтори од почеток.

Пратеникот Бејџан Иљас вели дека ќе реагираат и до меѓународните инстанци.

Од вкупниот број попишани во Северна Македонија, односно резиденти и нерезиденти жители, 3,98% се Турци. Заводот за статистика се уште не ги коментирал поплаките и барањата на претставниците на турската заедница.