Турски државјанин доби спор против Србија во Стразбур – на сопругата и бил одземен личниот накит и наплатена казна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска донесе одлука за случајот Џалали против Србија, државата Србија да му исплати на оштетениот турски државјанин 8.620 евра надомест за материјална штета и судски трошоци.

Апликантот, турскиот државјанин Мехмет Али Јајали, кој живее во Холандија, ја тужел Србија за одземање на личен и легално стекнат накит на неговата сопруга, кој не бил пријавен на српските царински органи при минување низ Србија, за што морал да плати казна.

Џалали во претставката навел дека конфискацијата е крајно непропорционална и неоправдана мерка, а судот утврдил дека станува збор за повреда на член 1 од Протокол бр. 1 (заштита на имот) од Европската конвенција, беше објавено во Стразбур.

Правичната отштета што Србија треба да му ја плати на барателот за материјална штета изнесува 7.620 евра и уште 1.000 евра за други трошоци, соопшти Судот.