Турција од 2. март оваа година ќе ги укине визите за шест земји. Станува збор за државјаните на Австрија, Белгија, Холандија, Шпанија, Полска и Обединетото Кралство, кои ќе може да престојуваат во Турција без виза во рок од 90 дена.
Тоа во Анкара денеска го соопшти портпаролот на министерството за надворешни работи.
Бројот на странски туристи во Турција секојдневно се зголемува. Така во 2019 година бил за 14,11 проценти повеќе од 2018 година.
