Турција почна со евакуација на своите војници од Авганистан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Турција почна со евакуација на своите војници од Авганистан, соопшти денеска Министерството за национална одбрана во Анкара.

„Турските вооружени сили се враќаат во нашата татковина со гордост што успешно ја исполнија задашата што им беше доверена“, се вели во соопштението што го цитира Агенцијата Анадолија.

Од 2002 година, турските вооружени сили дејствуваат во Авганистан според ОН, НАТО и билатералните договори за да придонесат за мирот, благосостојбата и стабилноста на авганистанскиот народ, се вели во соопштението.

Се додава дека турските војници интервенирале заедно со војниците од други земји за време на хаосот и ја осигурале безбедноста на меѓународниот аеродром Хамид Карзаи во Кабул.

Вкупно 1.129 цивилни турски државјани беа евакуирани со воени авиони за време на процесот, се додава во соопштението.