Турција се нуди да биде домаќин на средба помеѓу Трамп, Путин и Зеленски во Истанбул

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи на Турција кој е во посета на Киев, Хакан Фидан предложи Турција да организира средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и лидерот на Украина, Володомир Зеленски.

„Разгледуваме можност разговорите во Истанбул да завршат со лична средба помеѓу Трамп, Путин и Зеленски, чиј домаќин ќе биде претседателот Ердоган“, рече Фидан.

Фидан кажа дека средбата меѓу претставниците на Русија и Украина која се случи на 16. мај во Истанбул, означува почеток на нова фаза во дијалогот.

Во Истанбул двете страни постигнаа договор за размена на 1.000 воени заробеници и да ги презентираат своите ставови за евентуално идно прекинување на огнот. Процесот на размена на затвореници завши на 25. мај.