Турција со два прекрасни гола им го расипа дебито на Грузијците на Европските првенства

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Турција ја совлада селекцијата на Грузија со 3-1 во првиот меч од групата Ф, и со тоа Турците со победа го стартуваа Евро шампионатот кој се одржува во Германија.

На стадионот во Дортмунд под силен дожд, на крајот Турција постигна два прекрасни голови, а во финишот, кога се веќе беше решено, постигнаа и трет.

Мулдур во 25. минута со „бомба“ ја урна Грузија, но следуваше шок за многубројните Турци во Дортмунд. Микаутадзе во 32. минута по една супер акција успеа да израмни.

Гулер во 65. минута постигна уште еден прекрасен гол, носејќи водство за Грузија. Дебитантот на европските првенства тргна на се или ништо во финишот, во напад се уфрли и голманот Мамардашвили, а потоа на празен гол Актуркоглу ги постави конечните 3-1.