ТВ водителка и нејзиниот возач убиени во Авганистан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ТВ презентер и активист и нејзиниот возач беа застрелани во источниот авганистански град Jалалабад.

Ова е трето убиство на новинари во Авганистан од почетокот на ноември досега.

Неидентификувани напаѓачи ја убиле Малалаја Мејванд и нејзиниот возач, изјави за Франс прес Атулах Когјани, портпарол на гувернерот на провинцијата Нангархар.

Таа била убиена додека одела да известува за приватната телевизија Енекас ТВ, рече тој. Информацијата ја потврди директорот на таа телевизија.

Нејзината мајка, исто така активистка, беше убиена од непознати вооружени лица пред пет години.

Мејванд претходно зборуваше за тешкотиите на новинарите во патријархалното и конзервативното авганистанско општество.

Во Авганистан, бројот на насочени напади врз новинари, политичари, верски водачи и активисти за човекови права се зголеми во последните месеци, и покрај мировните разговори меѓу владата и талибанците.

Комитетот за заштита на авганистанските новинари оцени дека насилството врз новинарите се заканува да го поништи напредокот постигнат во последните години на полето на медиумите.