ТВ21 кај пожарите: Гасењето исцрпува, на пожарникарите им треба и одмор (ФОТО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Екипа на ТВ21 е во Будинарци, каде што се прават напори за да се изгаси голем пожар кој се заканува да изгори огромна количина на шума.

Не е лесно да се гасат пожари, а тоа го покажува и оваа фотографија на исцрпени пожарникари кои бараат место малку да одморат пред нова офанзива.

И така во круг. Едни одмораат, други гасат пожари, потоа тие одмораат. Само со една цел – да се стават под контрола.

А, во Малешевијата неколку горат без контрола. Се бара милост и од ветерот да не дува за да не го шири пожарот.

Хеликоптери дејствуваат, дојде и романскиот авион кој драстично треба да помогне во неутрализирање на пожарите. Македонија веќе пет дена се бори со огнената стихија во источниот дел. Помош дојде од секаде, сега се прават напори да се спаси што може да се спаси. Најважно е да нема човечки жртви и големи последици.

Екипите се мобилизираат, се прави стратегија како да се „нападне“ и да се неутрализира.

Повеќе детали носиме во вестите во 19:30 часот на ТВ21.