ТВ21 на терен со екипите кои земаат брисеви – „Има пораст на случаи со Ковид-19, невозможно е да се покријат сите“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По добиените препораки од лекарот, одговорниот техничар се подготвува да излезе на терен.

Вака се подготвуваат пред секоја интервенција мобилните екипи на Центарот за јавно здравје кои на терен земаат брисеви од граѓаните за да се тестираат за Ковид-19.

Освен ова, тие носат и скафандери, тројни ракавици, специјални маски и средство за дезинфекција кое го користат пред и по секоја интервенција.

Повеќето пара ракавици им обезбедуваат дополнителна заштита, бидејќи секојдневно бројот на лица кај кои треба да се земе брис се зголемува, а со тоа и бројот на заразени.

По завршување на подготовките, тргнаа на терен. Упатствата од лекарот велат дека брис треба да се земе во Чаир, но листата на граѓани кои чекаат кои чекаат е долга.

„Како што можеме да видиме, патуваме кон Чаир бидејќи мобилните екипи ќе земаат брисеви од секој граѓанин кој живее во близина на основното училиште Тефејуз во населбата Гази Баба“, истакна репортерката на ТВ21.

Подготовки и на терен…По земањето брис, материјалот се става во овие епрувети. Има растворувач кој овозможува материјалот да остане свеж до анализите.

Иако нивната работа почнува во 7 часот, не се знае кога ќе заврши поради многуте лица од кои треба да се земе материјал за проведка. Велат доколку се зголеми обемот на работа во иднина нема да имаат можност да го покријат реонот.

Овој начин на работа им го сменил и приватниот живот, затоа упатуваат апел до граѓаните да ги почитуваат мерките и целото општество да може да се врати во нормала.