ТВ21 низ тетовскиот метеж со автомобил – од УЈИЕ до Монопол за 38 минути и 5,5 километри на час

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Недостигот на паркинг места, лошо паркираните возила, како и немањето соодветна патна инфраструктура, секојдневно предизвикуваат метеж во сообраќајот во Тетово. Направивме тест, колку време ни е потребно да стигнеме од една до друга точка во градот.

„Од Универзитетот на Југоисточна Европа па сѐ до Монополот, преку двата главни булевара „Илинден“ и „Лирија“ со автомобил успеавме да се пробиеме за 38 минути, а доколку ја споредиме должината на двата булевара и времето, по овој пат може да се вози само 5.5км на час“, истакна репортерот на ТВ21.

Само во декември, полицијата казнила 1.205 возачи, а пајак службата отстранил 174 возила поради непрописно паркирање.

„Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата -Тетово, во Тетово и тетовскиот регион, откри и законски санкционира 1.205 различни неправилности, односно сообраќајни прекршоци. Во текот на овој период, привремено се одземени и 30 возачки и 34 сообраќајни дозволи, додека општинската „Пајак служба“ отстранила вкупно 174 непрописно паркирани возила“, посочи СВР Тетово.

Општина Тетово со години ветува пуштање во функција на нови булевари, но досега е отворен само еден дел од индустрискиот булевар. Општинските власти ветуваа и подземни гаражи, но засега ова ветување останува само на хартија.