ТВ21 со инспекторите на терен – се бара сертификат за вакцина, кафулињата празни

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Речиси празни локали. Вака изгледаа најфреквентната улица во центарот на Скопје.

Стапија на сила новите рестриктивни мерки против Ковид-19. Кај вратата на секој локал кој има капацитет од над 30 лица, редар од гостите го бара сертификатот за вакцинација со барем една доза или потврда дека прележал ковид во последните 45 дена.

Инспекторите излегоа на терен за да контролираат колку се спроведуваат мерките.

Бараат дали имаат одредено редар кој ќе ги проверува ковид пасошите на гостите.

Здравко Јосифовски од Независната угостителска комора посети неколку локали за да види одблизу со какви проблеми се соочуваат сопствениците.

Зошто здравствените власти не одлучија во угостителските локали да може да се влезе и со негативен ПЦР тест, министерот со одговор.

Инаку, Комисијата за заразни болести расправаше за намалување на работното време на угостителските објекти во градовите каде што ситуацијата со Ковид 19 е посериозна, како што е Тетово во моментов. За потсетување, на сила е и забраната за организирање на било каков вид прослави во затворен простор во угостителските објекти.