Со богата музичка програма, народни ора и настапи на ансамбли од Македонија и регионот, во Истибања синоќа беше официјално отворено 41. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“.
Манифестацијата, која е меѓу најзначајните културни настани во Општина Виница, годинава гостува фолклорни состави од над дваесет земји од Европа и светот.
Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на Виница, Митко Костадиновски, а пред присутните се обратија и пратеничката Даниела Христова и уметничкиот директор на ФА „Китка“, Стојко Митковски. Тие ја истакнаа клучната улога на фестивалот во зачувувањето на македонското културно наследство и градењето мостови меѓу различните култури преку фолклорот.
Фестивалските денови продолжуваат со настапи на домашните и странските ансамбли, а настанот се реализира под генерално покровителство на Општина Виница и Министерството за култура и туризам.
