„Добровечер од Белград, Србија. Прв ден со голем интерес на првиот меѓународен саем на вино, храна и туризам, насловен „Винската визија на Отворен Балкан“. Претседателот на Србија Александар Вучиќ како домаќин, заедно со премиерите на Македонија, Албанија, како и премиерот во оставка на Црна Гора беа меѓу присутните гости. 330 изложувачи, од 22 земји се учесници на овој саем. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека сликите кои ги добивал во деведесетите години додека бил во Америка биле крвави и од војни, за разлика од денеска, кога фотографиите кои ќе се испратат од тука ќе бидат со насмеани лица. Еве што друго рекоа во воведните говори останатите претставници од земјите членки на Отворен Балкан“, вели репортерот на ТВ21, Јовица Пауноски.
300 различни типови на македонски вина и реакии се изложени тука. Саемот е одлична можност за поврзување на винските патишта на Балканот и пред високите гости и посетители како и отворање на нови можности за соработка, за обезбедување поголем извоз, откуп и нови пласмани, што позитивно ќе се рефлектира на развојот на домашната економија. Инаку утре продолжуваат активностите поврзани со Опен Балкан и оној политички дел во кој треба да се разговара како животот на граѓаните од трите земји да биде поедноставен и полесен.
Јовица Пауноски, ТВ21, Белград, Србија.
