На Универзитетот на Југоисточна Европа направена е лабораторија за виртуелност “НИЦС“ која ќе допринесе за дигитализација на ЦУК, а ќе послужи и за истражувачи од оваа област. Оваа лабораторија е финансирана од НАТО и ЦУК. Системот за команда на инциденти од идната генерација, или скратено НИЦС во моментов ќе се користи за обука на вработени во институциите кои се занимаваат со менаџирање на кризи, а во иднина ќе послужи и за помош при природни несреќи.
„Ова лабораторија има два цели, обука и истражување. Ја имаме последната технологија за виртуелниот и додадена реалност каде ние проектираме виртуелни објекти од реалноста. Од аспектот на тренирање најмногу се користи симулацијата преку виртуелната симулација и тоа се употребува за опасни ситуации каде е опасно физичкото присуство, каде можат да се симулираат итни ситуации, како пожар, поплави, земјотреси“, вели Агрон Чауши – универзитетски професор.
Според професорот Чауш, оваа лабораторија ќе биде средство за поддршка на ЦУК и други институции кои се дел од системот за управување со кризи.
„Како прво целта е да се помогнат институциите кои се за справување со криза, ќе се направи обучување на кадар кои се директно засегнати со управување со кризи како ЦУК, пожарникарите итн. Потоа ќе следи и развој на НИЦС со кој ќе се користат овие технологии на терен“, додава професорот Чауши.
Оваа лабораторија е производ на соработката со НАТО и Massachusetts Institute of Technology. Ваков тип лабораторија до сега има само во три држави во светот, една во Македонија, и по една во САД и Австралија.
