ТВ21 во Студеничани, 13 активни случаи – Садики: Мораме да се мобилизираме, пред да стане полошо

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Студеничани е мирно. По улиците се движат мал број на граѓани. Повеќето носеа маски. Изгледа зголемувањето на бројот на заразени во ова општина придонесе граѓаните да се повлечат. Само вчера во Студеничани се евидентирани 5 нови случаи, а денеска еден. Станува збор за лице со адреса во ова општина, а живее во Скопје.

Министерот за здравство, Венко Филипче, рече дека во ова општина ќе се воведе карантин доколку продолжи зголемувањето на бројот на заразени. Неколку жители кои ги анкетиравме, се согласуваат со изолација доколку е потребно.

„Велат дека има, според тоа што го слушаме од други, има, колку е вистина, колку се, не ја знам точната бројка. Треба да се плашиме и да се чуваме доколку се зголеми бројот“, вели жител на Студеничани.

ТВ21: Дали, на вас како жители ќе Ви смета ако се воведе карантин во вашата општина?

„Доколку тие видат дека тоа е потребно, нека воведат. Секоја одлука која е за доброто на населението, мислам дека е добредојдена“, вели жител.

Градоначалникот на ова општина, Азем Садики не е против воведувањето на карантин во Студеничани. Тој вели дека се согласува со одлуките на експертите, но вели дека Студеничани нема многу голем број на заразени.

„Ние секако дека сме за поддршка на сите мерки, но мислам дека Студеничани не е на нивото на неколку други општини, каде бројот беше драстично зголемен, ние имавме малку случаи, но и ново евидентираниот случај денеска, покажува дека бројката се намалува. Но тоа ќе зависи од жителите на ова општина, не зависи само од нас, ниту од институциите, ниту од градоначалникот, туку исклучиво само од жителите. Доколку не се мобилизираме сите заедно во борбата против ова лошо, тогаш тоа ќе не погоди сите“, истакна Азем Садики.

Инаку, од почетокот на епидемијата во Студеничани регистрирани се вкупно 15 случаи на Ковид-19. 13 се активни, едно лице починало. Министерот за здравство Венко Филипче најави дека сите случаи во Чаир и Студеничани се од 10 семејства.