Обилните врнежи од дожд предизвикаа поплави во дел од скопските улици, а една од нив беше и општина Зелениково која ТВ21 ја посети.
Дел од жителите веќе беа надвор од своите домови и ги расчистуваа дворовите и улиците.

Според информации од жителите, каналот во селото бил затнал и целата вода излегла на улиците, а потоа навлегла во домовите и подрумските простории на жителите.

Жителите за ТВ21 ја посочуваат стравичната глетка во која додека си седеле во својот дом, наеднаш од сите страни почнало да навлегува вода.
Тие вклучија и механизација со цел побрзо справување со надојдената вода.




