ТВ21 во Желино! Изаири: Имаше неправилност – Сејдиу: Време е ДУИ да биде тргната од Влада

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Желино стана едно од најважните населени места. Доколку има повторно гласање во Желино, во прашање ќе биде доведена и Владата. Ова го изјави министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа. Во Желино жителите се скептични околу тоа дали треба да има прегласување“, истакна репортерот на ТВ21.

Желино денеска беше мирно. Жителите кои седеа во локалните не сакаа многу да зборуваат за политика. Само еден од нив прифати да говори пред камера.

„Мислам дека жителите на општина Желино достоинствено и демократски дадоа свој суд и гласаа за актуелниот градоначалник Блерим Сејдиу и сите му честитаа на тоа“, вели граѓанин.

„Јас мислам дека народот се измори, јас не сум за ниеден. Јас реков дека народот се измори од 2917 само избори, избори, знаат колку пати само избори, не е демократија туку анархија“, посочи граѓанин.

„Јас воопшто не планирам никогаш. Само овој пат излегов и тоа беше, веќе не сакам да слушам“, посочи граѓанин.

Според кандидатот на ДУИ, седницата на ДИК била јавна и самите членови на Движење Беса гласале „за“ прегласување поради одредени неправилности.

„Седницата на ДИК беше јавна и се надевам дека сите видовте. Сите присутни членови беа „за“ прегласување што укажува на тоа дека имало неправилности и неправди. Самиот член на нивната актуелна коалиција гласаше „за“, но и не можеше да гласа поинаку поради фактите“, посочи Фатмир Изаири.

Првиот човек на Желино, Сејдиу преку Фејсбук-статус порача дека е време ДУИ да биде тргната од Влада.

„Ја тргнавме ДУИ од Желино, сега на ред е да ја тргнеме и од Владата“.

Станува збор за гласачкото место 2107 каде вкупно има 741 глас.
Во вториот круг на ова гласачко место гласале 337 избирачи. Фатмир Изаири освои 227, а Блерим Сејдиу 110 гласови.