ТВ21 во живо ќе го пренесува дочекот на македонската фудбалска репрезентација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Телевизија 21 на својата веб страница и социјалните мрежи ВО ЖИВО ќе го пренесува пречекот на македонската фудбалска репрезентација.

Според последните информации, во овие момент треба да полета авионот за Македонија, со оглед на тоа што летот трае околу 2 и пол часа, на скопскиот аеродром авионот би требало да слета нешто по 2 часот.

Веќе од Владата најавија дека таму ќе ги пречека премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер Артан Груби, и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски.

Поради лошите временски услови и густата магла, сепак постои и можност авионот да биде пренасочен кон Приштина.