ТВ21 започнува со изборни дебати, претставување на програмата и носителите на листи од петтата изборна единица, вечерва од 21.20

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ТВ21 од вечерва започнува со реализирање на изборни дебати на кои можност да се претставаат ќе имаат носителите на изборните листи за пратеници, претставувајќи ја програмата на коалицијата од која доаѓаат.

Гости во дебатата вечерва се, Радмила Шеќеринска, Сурија Рашиди, Талат Џафери и Васфи Доку. Поканет беше и носителот на ВМРО-ДПМНЕ од петтата изборна единица, Игор Дурловски но тој не ја прифати нашата покана.

Следејќи ги светските достигнувања во ТВ индустрија, ТВ21 опреми специјално студио за предвремените парламентарни избори.

Дебатите се реализираат со почитување на мерките за заштита од коронавирус, препорачани од Комисијата за заразни болести и Владата.

Модератори на вечерашната дебата се Един Растодер и Артан Нухиу.

Дебатата започнува во 21.20 на програмата на ТВ21 со пренос на социјалните мрежи и веб страниците.