33-годишен жител на Велес е уапсен од полицијата во Охрид под сомнение дека извршил кривично дело „силување“ врз 21-годишна шведска државјанка.
Според нејзината пријава, случајот се случил ноќта помеѓу 8 и 9 август, во ноќен клуб во Охрид, каде што осомничениот, наводно, имал сексуален однос со неа без нејзина согласност.
Од МВР информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против 33-годишникот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство.
