Уапсен 52-годишен измамник од Бродец, земал пари од граѓани за да им помогне во издавање документи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Педесет и две годишник со иницијали К.А. од тетовски Бродец, подолго време ги мамел граѓаните ветувајќи дека ќе им помогне за добивање различни видови документи, им земал парични средства и потоа не им се јавувал.

Адвокатот Ќенан Рахмани нагласува дека откако неговите двајца клиенти го пријавиле случајот, осомничениот е лишен од слобода.

-Моите клиенти, едниот од село Боговиње, а другиот од село Шипковица, биле измамени од лицето со иницијали К.А. од село Бродец, кое на едниот му зело 1.300 евра со образложение дека ќе му заврши работа во тетовскиот суд, додека на другиот му зел 2.800 евра ветувајќи му дека ќе го приклучи на електричната мрежа на ЕВН. Така, по консултација со моите клиенти, решивме да отидеме во Полициската станица Тетово и да пријавиме. По пријавување во полиција, одделот за криминалистика за кратко време успеа успешно да го приведе осомничениот К.А.-рече Рахмани.

Адвокатот апелира до сите граѓани ваквите измами да ги пријават до надлежните органи.

-Апелирам до граѓаните при такви случаи, кога ќе се појави такво лице, кое им ветило дека ќе им заврши некоја работа во МВР или во Суд, да не им веруваат туку да се обратат. до институциите, а доколку има такви случаи, пријавете ги овие случаи во полиција, каде полицијата би преземала мерки и би спречила вакви дејствија на лицата кои се занимаваат со измами-изјави Рахмани.

Според изворите, уапсениот им е познат на органите на МВР, бидејќи повеќе пати го повторил истото дело. Обвинителството му одреди осум дневен притвор. Досега 4 лица пријавиле дека се измамени од истиот човек.

Инаку, за ова кривично дело – измама, во Кривичниот законик е предвидена казна затвор од 1 до 5 години.