Уапсен 59-годишен педофил , се заканувал дека ќе силува и киднапира малолетничи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата го фати 59 годишниот педофил кој на фејсбук им пишуваше на малолетни девојчиња вознемирувачки пораки заканувајќи им се дека ќе ги киднапира и ќе ги силува. Фејсбук групата „Стоп педофилија“ јавно ги објави пораките со вознемирувачките содржини. Иако девојчето не враќало со пораки а тој постојано и пишувал но и ѕвонел. Покрај ова ипраќал и фотографии од половиот орган.

Дел од разговорот:

„Срце многу си убава, дојди да ти…

„Крени, не се срами…

„Опушти се со мене…

Ова се само дел од пораките кои ги добивале малолетичките. Друг дел се со сексуални содржини.

Лицето е од радовишкото село Ораовица, но е пронајден во светиниколско Ерџелија.

„По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници и по добиена Наредба од Основен суд Свети Николе, извршен е претрес во домот каде престојувал 59-годишниот Б.Т.. Одземен му е мобилниот телефон, а по документирањето на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“ велат од МВР.

Социјологот Илија Ацевски вели дека институциите треба да превземат ригорозни казни за овие лица објавувајќи ги со име и презиме. 

„Државата и институциите треба да презвемат ригорозни и драстични мерки за тоа да не се повтори во иднина. Тој ќе биде казнет некако, но во јавноста треба да се каже со име и презиме за кој станува збор иако тоа е голем срам за семејството. Лицето можно е да има и деца, но тоа е опомена за оние другите“ истакна социологот Илија Ацевски.

Инаку пред неколку месеци на платформата „Телеграм” членови на групата „Јавна соба“ споделуваа фотографии, лични податоци и недолични коментари за девојки. За овој случај МВР приведе 4 лица.