Вчера попладне, полициски службеници од СВР Битола го лишиле до слобода Б.С.(67) од Битола. Како што соопштија од МВР, тој се сомничи дека околу 12:35 часот предизвикал пожар на ул.„4 Ноември“ во Битола, при што била зафатена сува трева и дрвени палети во неговото поранешно стовариште.
„Пожарот бил изгаснат од екипа на територијланта противпожарна екипа од Битола, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Битола и по целосно документирање на случајот, против него ќе боиде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението на МВР.
