Го извадил знамето пред општинската зграда во Прилеп, и го запалил. 43-годишен државјанин на Словенија е приведен во полицијата, а против него ќе следува соодветна пријава, соопштија од полицијата.
„На 11.06.2026 во 01:05 часот полициски службеници од ОВР Прилеп пред општинската зграда во Прилеп го лишија од слобода П.Ј.(43) од Р.Словенија бидејќи истиот го извадил знамето на општина Прилеп и го запалил. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок“, стои во објавата на МВР.
