Уапсен министер во Хрватска поради незаконски дејствија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Хрватската полиција утрово изврши претрес во куќата на министерот за градежништво, Дарко Хорват во Меѓимурје, поради основани сомненија за злоупотреба на службената положба. Министерот Хорват бил уапсен и ќе биде однесен на распит во обвинителството.

Како што неофицијално пренесуваат хрватските медиуми, министерот е уапсен поради повеќе дејствија. Истражителите ја проверуваат улогата на Министерот во злоупотребите во кои е осомничена неговата помошничка Ана Мандац.

Покрај Хорват, на мета на истрагата се уште и поранешниот министер Томислав Толушиќ како и Борис Милошевиќ. Според достапните информации, се под сомневање за вработување со врски и доделување на тендери.

Во меѓувреме се обрати и премиерот Андреј Пленковиќ.

„Колку јас разбирам, министерот е уапсен поради случувања во 2018 година. Тогаш беше министер за економија. Но, индикативен е тајмингот на ова апсење. Барам објаснување зошто толку се брзаше околу приведувањето“, рече Пленковиќ.