Уапсен познат тик-токер: Повикувал на терористички напади во Франција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во францускиот град Брест е уапсен алжирски инфлуенсер познат по името „Зазујусеф“, кој преку мрежата ТикТок повикувал на терористички напади во земјата, соопшти министерот за внатрешни работи на Франција, Бруно Ретаљо.

„Алжирскиот инфлуенсер Зазу Jусеф, кој ја повика својата заедница да изврши терористички напади во Франција, мора да одговара за своите постапки пред судот“, рече францускиот министер на платформата Х.

Тој додаде дека инфлуенсерот бил уапсен утринава во Брест и им се заблагодарил на „судиите за прекршоци и на полицијата која го овозможила ова апсење“.

Ништо не смее да помине“, заклучи Ретајо.