Уапсен таткото на лицето кое пукаше кон зградата на Владата во Загреб

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Хрватската полиција денеска го уапси таткото на 22-годишниот Даниел Безук кој што во понеделникот на „Марковиот плоштад“ пукал по зградата на Владата и притоа ранил полицаец, а потоа се самоубил. Таткото на Даниел се товари за поседување на илегално оружје.

По претресот во неговиот дом и другите простории, на три локации во областа Кутина, службениците пронашле две пушки со оптички визири, пригушивачи и 1,169 парчиња различни куршуми, известила полицијата.

Неофицијално, објектите во кои се вршел претрес, ги користел таткото на 22-годишниот напаѓач. Осум оружја се пронајдени во текот на претресот.