Уапсени четири малолетници во Холандија, се сомничат дека предизвикале пожар во кој биле повредени неколку лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Холандските власти денеска уапсија четворица малолетници под сомнение дека се поврзани со големиот пожар што избувна синоќа во станбен комплекс во градот Херхуговард.

Во пожарот пет лица се здобиле со полесни повреди, а уништени се две куќи, јавува NL Times. Полицијата ги уапсила малолетниците на лице место, но засега не се знае дали станува збор за жители на овој станбен комплекс.

Локалните власти и градоначалникот изјавија дека „најверојатно“ се работи за експлозија во една од куќите, што го предизвикала пожарот.