Вкупно 1.314 лица се уапсени од почетокот на бранот демонстрации во Франција, а 53 припадници на безбедносните сили се повредени, соопшти француското Министерство за внатрешни работи.
Според министерството, голем број од апсењата биле извршени во саботата, на 24 октомври, пренесува француската телевизија БФМ.
По завршувањето на ноќта, од Министерството оцениле дека навременото предвидување на можните инциденти, претходното распоредување на полициските сили, како и нивната мобилност и брзата реакција, помогнале да се спречат повеќето напади насочени кон луѓе и имот.
Франција во изминатиот период е зафатена од масовни демонстрации, при што во повеќе градови беа регистрирани судири со полицијата и инциденти со оштетување имот.
