Со пиштол „Глок“ кој го поседувал без дозвола пукал во 59-годишниот В.Е. После тоа доаѓа автомобил од типот Цитроен и од автомобилот на починатиот одзел кутија со алат и го напуштил местото. Автомобилот „Ауди“ бил без регистарски таблички, додека автомобилот Цитроен бил со белгиски таблички. Второосомничениот, бегајќи од полицијата, го оставил автомобилот во населбата Гази Баба. Таму го пречекал сторителот на убиството и заедно заминале со автомобилот „Ауди“. На улицата „Стојна Стефкова“ ги пречекала полицијата. Вториот осомничен почнува да пука кон полицајците. Полицијата одговара со пукање во воздух, при што истиот е уапсен додека убиецот бега.
Вака според обвинителството се случил вчерашниот настан каде на паркингот кај трговскиот центар „Мавровка“ беше убиен 59-годишникот. Според обвинителството извршено со умисла и од користољубие.
МВР со цел изнаоѓање докази изврши претрес на четири локации и неколку автомобили.
Денеска по успешната операција, полицијата го уапси и убиецот. Како што соопштува МВР, станува збор за 39 годишниот Е.К. од Скопје.
По преземени мерки и брза реакција на СВР Скопје, специјалните полициски сили, хеликоптери и дронови беше фатен и лишен од слобода сторителот на кривичните дела Е.К.(39) од Скопје. Против Е.К е поднесена кривична пријава по брза постапка поради постоење основи за сторено кривично дело „убиство„, кривично дело „убиство во обид„ и кривично дело„ неовластено држење на оружје„.
Како што дознава Телевизија 21, починатиот бил цел на нападот и не бил убиен случајно. Познато е дека тој имал златарска работилница во трговскиот центар „Бисер“ во населбата Аеродром во Скопје. Во јавноста се појавија шпекулации дека намерата на убијците била да ограбат вреќа со злато од починатиот. Полицијата во автомобилот не пронашла злато.
Во возилото не беше пронајдено злато, извршено е вештачење на сите предмети кои се од интерес на истрагата. Лицата кои беа инволвирани во убиството извршено на паркинг простор пред ТЦ “Мавровка”, каде беше застрелан В.Е.(59), се со криминално досие. Лицето било застрелано пред неговата сопругата.
За случајот, полицијата уапси две лица. Меѓутоа, за едниот од нив како што соопштува МВР, не е констатирана поврзаност со настанот поради што истиот бил ослободен.
