Убиецот од Драгоманце извршил четири убиства – имал и две кривични дела „обид за убиство“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Т.Б. од село Драгоманце извршил убиства на четири жени, утврди истрагата. Полицијата му поднела кривична пријава, а од страна на надлежен судија му бил одреден и притвор.

„СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе кривични пријави против Т.Б. (26) од  село Драгоманце, Општина Старо Нагоричане, за сторено кривично дело „убиство” поради основи на сомневање дека ги убил Ј.А. од село Драгоманце и С.К. од село Клечовце, како и поради сомневање за сторено кривично дело „обид за убиство“ врз С.А. и Р.Т.. По извршени проверки и ексхумација на телата на Ј.А. и С.К., утврдено е дека лицата починале од насилна смрт. Врз основа и на други сознанија и докази, било утврдено дека тој ги убил двете жени и во координација со ОЈО, против него е поднесена кривична пријава. Претходно, СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе кривични пријави против Т.Б. за убиство и на М.С. и М.М., а по предлог на јавниот обвинител, од страна на надлежен судија му е одредена мерка притвор.

СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе и кривична пријава за сторено кривично дело „несовесно вршење на службата“ против мртвопроверителите М.С. и Д.Д. од „Општа болница“- Куманово“, стои во соопштението на МВР.