Убиство во Батинци – едно лице загина, а друго е тешко рането

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Со  куршуми упатени кон овој автомобил во скопско Батинци, беше убиен А.Б.И. (34).

Во истиот автомобил Форд бил и З.И. (31) кој се здобил со прострелни рани. Лицето е пренесено  во Ургентениот  центар Скопје.

Убиството го извршиле две маскирани лица со автомобил „Мерцедес“ со германски таблички.

Во село Батинци денеска околу 9 наутро во СВР е пријавено убиство, каде на А.Б.И. (34) е убиен а З.И.(31) се здобил со повреди“, вели репортерката на ТВ21.

Од МВР известуваат дека починатиот и повредениот се од село Црн Врв.

На 01.07.2024 во 09,25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ и двајцата од с. Црн врв. На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар-Скопје“, велат од МВР.

Инаку од СВР Скопје во координација со Одделот за специјални полициски операции и Одделот за воздухопловни единици преземаат мерки и активности за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.