Учат онлајн, но не поради коронавирус – работите за електричната инсталација почнале со доцнење

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вака изгледа во моментов средното градежно училиште „Здравко Цветковски“ во Скопје.

Една и пол година заради пандемијата учениците следеа онлајн настава, како и сите други, но сега кога сите се вратија на настава со физичко присуство, овде продолжува онлајн наставата, а само практичната настава се одвива со физичко присуство.

Причината е промената на електричната инсталација.
Иако учениците неколку месеци не беа присутни во училиштето за време на летниот распуст, работите доцнат сега кога почна учебната година. Истите почнаа во јули а требало во април кога Град Скопје го примиле проектот, меѓутоа државната матура и уписот на учениците го одложиле процесот, рече зам. Директорот на училиштето, Тесним Етеми.

„Проблем е што се запишуваа ученици до 29 јуни и протоколите за ковид се дека не треба да се примаат работници од надвор, значи не смеат да влегуваат во школото. Од таа причина се доцнеше со работите, но се надевам дека од 1 октомври ќе почнеме со настава со физичко присуство.“, вели Етеми.

За министерката за образование, Мила Царовска поважно е тоа што се работи и се подобруваат условите и квалитетот на наставата.

Инаку директорката на училиштето, Атина Томовска за ТВ21 рече дека уште во 2019 во Град Скопје доставиле проект за промена на електричната инсталација, поради проблеми со струјата, поради што имале проблеми при користењето на електронскиот дневник. Прашавме во Град Скопје зошто токму оваа година почнал да се спроведува објектот, а од таму велат дека процедурите за тендерот завршиле во април и дека сега 90% од активностите завршиле и од почетокот на октомври се ќе биде подготвено.