Учебниците нема да се обезбедат и оваа година – Јаневска: Тендерот веројатно ќе се објави најкасно во јануари

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Недостигот на учебници продолжува да биде проблем за учениците. Најмногу недостигаат учебници по странски јазик. Министерката за образование Весна Јаневска, вели дека учебниците ќе се обезбедат за следната година.

За промени во образованието, посебно за настава во една смена и целодневна настава, Јаневска рече дека е неопходно да се практикува до петтото одделение бидејќи децата се назад околу 900 часа за разлика од нивните врсници од европските земји. Но дали училиштатат имаат капацитет за тоа?!

Што се однесува до платите на наставниците, Министерката рече дека се во фаза на преговарање со СОНК и најави дека очекува оваа година да има покачување.