Ученик од шесто одделение во Велес врзал со лисици соученик и му вперил пластичен пиштол!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Основното општинско училиште во Велес денеска во 10 часот било пријавено дека малолетен ученик во училиштето врзал со лисици негов соученик и му вперил пластичен пиштол.

Според полицијата, веднаш е излезено на терен и од малолетникот бил одземен пиштолот, по што бил предаден на полициски службеници.

„За настанот бил известен јавен обвинител, Центарот за социјални работи Велес и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок. Пиштолот е испратен на вештачење и се чекаат резултатите од постапката“, информираат од СВР Велес.

Директорот на училиштето „Васил Главинов“, Драги Коцевски ученикот учи во шестто одделение во оваа училиште.

Тој денеска дошол во училиштето со лисици и пиштол, односно ги внел во класот и успеал на училишниот одмор да ги употреби, па така со лисиците врзал соученик му го вперил пластичниот пиштол.

Тоа создало паника кај останатите соученици, но и кај дежурниот наставник за време на одморот кој веднаш го информирал директорот и класниот раководител.

„Детето го фрли пиштолот и избега од училиште. Замина дома. Пријавувањето на случката во полиција беше причина што во училишниот двор веднаш пристигнаа полициски службеници. Јас ги повикав неговите родители и службите ја започнаа постапката. Тие се надлежни за нејзино расчистување“, појасни Коцевски.