Учениците, без доволно учебници – Шаќири: Ќе стигнат до крајот на октомври

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Некои ученици од основните училишта во Македонија се соочуваат со недостиг од учебници а други пак учат од застарени учебници. Министерот Јетон Шаќири во интервју за РСЕ рече дека упатил апел до сите училишта, за секаква забелешка да се обратат до неговиот кабинет.

„Како министер доставив информации до сите и до јавноста, ги повикувам сите, наставници и работници, да достават коментари до мојот кабинет за работата со учебниците, за заедно со Педагошката служба да ги разгледаме коментарит за содржината. на учебниците и други проблеми. За старите учебници кои се во основното образование, јас сум за да дадеме придонес во нивната промена со воведувањето на новиот концепт, па затоа инсистирам учебниците да бидат квалитетни“, вели Јетон Шаќири.

Шаќири додава дека учебниците биле дел од неговата агенда, но концептот за образование е сменет во последната година и затоа има недостиг од книги.

„Ова е основна тема во последниот период. Основна тема за мене како министер, од почетокот кога дојдов на оваа функција, како дел од мојата агенда беа учебниците. Тоа е проблем кој не е само во последната година, туку подолг период и во основното и во средното образование. Минатата година го променивме концептот за основно образование, со нови учебници“, вели Јетон Шаќири.

Шаќири изрази оптимизам дека учениците од прво, второ, четврто и петто одделение ќе ги добијат учебниците до крајот на октомври или почетокот на ноември.