Учениците го гаѓаа МОН со јајца, бараат да се укине полагањето државна матура

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Со фрлање јајца кон зградата на МОН, средношколците преку протест го изразија незадоволството барајќи да не полагаат државна матура. Протестот следи неколку дена откако претседателот на Сојузот на средношколци Бленди Ходај се сретна со министерката за образование, од која побара матурскиот испит да биде полесен со оглед на тоа дека не може целосно да се укине. Еден демонстрант вели дека претседателот на Сојузот воопшто не ги консултирал.

Претседателот на Сојузот, Ходај вели дека сите ученици биле известени и пред но и по средбата со министерката за образование.

Бленди Ходаи, претседател на Унија на средношколци
Испративме барање за укинување на државната матура, но се откажавме од тоа барање бидејќи видовме дека нема да се исполни. Ние вчера имавме средба со учениците кои денеска протестираа и се обидовме да им ги објасниме нашите ставови.

Од МОН децидни дека учениците мора да полагаат државна матура, бидејќи со неа се заокружува стекнатото знаење. Образованието мора да продолжи да тече дури и во услови на пандемија, бидејќи се работи за иднината на младите генерации.