Учениците од Лешница ја бојкотираат наставата, родителите се жалат за стариот училишен објект

НАШ ПРЕДЛОГ

НАТО донира 60 респиратори – Филипче: Ќе се користат во амбулатните возила

Во време кога се очекува драстичен пораст на заразени со Ковид-19, НАТО донира 60 респиратори за земјава...

Силен земјотрес во Турција и Грција, има загинати, стотици се повредени, се урнаа над 20 згради

За само неколку секунди облак од прашина се издигна над Измир. Од силниот земјотрес се урнаа неколку...

УО на Агенцијата ја разреши Лидија Димова од директорка

И официјално - Лидија Димова е разрешена од директорка на Националната агенција за европски образовни програми и...

40 ученици од Лешница – Желино ја бојкотираа наставата иако од МОН добиле одобрување за настава со физичко присуство. Родителите се револтирани поради тоа што училишниот објект е многу стар, изграден во 1976 година и според нив кровот на училиштето содржи канцероген материјал. Тие бараат да се изгради ново училиште.

„Ние побаравме да се држи настава, но не во ова училиште. Ние нема да ги пуштиме нашите деца на училиште, ние сме за бојкот бидејќи училиштето не ги исполнува условите за настава со физичко присуство. Не ги исполнуваме условите за онлајн настава бидејќи живееме од социјална помош, а треба да имаат лаптопи. Интернетот е многу слаб“

„Ние децата не ги пуштаме, дојдете и видите внатре каква катастрофа е. Нема да ги пуштиме и нема да дозволиме да влезат таму и да се разболат.“

„Ние 10 години бараме училиште, и донацијата која дојде од Швајцарија, градоначалникот кој зема многу малку гласови во селото, донацијата ја пренаменил за Чифлик и со парите на училиштето на Лешница е изградено училиштето во Чифлик.“

Директорот на централното училиште „Луиѓ Гуракуќи“, Зеќир Мемети потврди дека пред 15 години Образовниот инспекторат констатирал дека училиштето  не ги исполнува условите за одржување на настава.

„Училиштето што го гледате е уникатно и единственото кое останало од монистичкиот систем и овде пред многу години Инспекторатот направи записник дека поради азбест, кој е канцероген материјал училиштето да се затвори и родителите тогаш не реагираа. Ние како училиште, како директор, заедно со секретарот се обидовме да му го понудиме тоа што можеме на училиштето, ги бојадисувавме просториите во училиштето кои не беа бојадисувани со години и со оглед на тоа дека имаше пандемија преземавме нешто.“, вели Мемети.

Жителите велат дека нивните деца не ги исполнуваат ниту условите за онлајн учење, бидејќи нивното село на некои места нема мрежа и децата не се опремени со лаптопи или компјутери за учење преку Интернет.Во ова училиште наставата ја следат од прво до петто одделение и потоа наставата ја продолжуваат во централното училиште во Желино.

„Црн“ рекорд и во Грција – 1.690 новозаразени

Во изминатите 24 часа во Грција во Грција се регистрирани 1.690 нови случаи на Ковид-19, што претставува нов негативен рекорд за земјата,...

„Алкалоид“ со инвестиции од над 1,1 милијарди денари и со 175 нови вработувања во периодот јануари-септември годинава

„Алкалоид“ со 175 нови вработувања, со двојно зголемени инвестиции во износ од над 1,1 милијарди денари и со раст на консолидираните продажби...

Боки 13 кој е неправосилно осуден за рекет од над 1 милион оди во куќен притвор

Апелациониот суд Скопје ја уважи жалбата на обвинетиот Бојан Јовановски, осуден во предметот „Рекет“, со што решението на првостепениот Суд се преиначува...

Иринеј за смртта на митрополитот Амфилохије: Ова е еден од најтажните денови за нашата црква

Патријархот на Српската православна црква (СПЦ) Иринеј истакна дека смртта на митрополитот црногорско-приморски Амфилохије денеска e еден од најтажните денови.

Во Албанија нов рекорд од 319 новозаразени со Ковид-19

Продолжува високата бројка на новозаразени со Ковид-19 во Албанија, што потврдува и денешната бројка од 319 новозаразени што е нов негативен рекорд.