Поради недостиг на училиштен објект, овие деца следат настава во џамија. Стануца збор за учениците од Долна Лешница – Општина Желино. Училиштето во кое претходно следеа настава немаше елементарни услови, но и во објектот на џамијата не е лесно да се држи настава.
Претседателот на месната заедница вели дека наставата во овој објект сам по себе е предизвик каде учениците не можат да следат на полни часови, поради времето на клањање.
Џелили вели дека од општината, но и од директорот на училиштето, добиле ветување дека училиштето ќе биде завршено пред локалните избори, и дека учениците ќе продолжат со настава во училиште.
Градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу, пред неколку недели за ТВ21 изјави дека во првите 100 дена од мандатот приоритет ќе биде училиштето во Лешница.
Учениците на училиштето на Лешница следеа настава во барака од 50-тите години, а минатата година родителите не ги пуштија учениците на училиште поради лошите услови.
