Учениците од општина Сарај се револтирани заради преполните јавни автобуси поради малиот број автобуси кои сообраќаат во овој дел од Скопје.
-Ние бараме брзо да се реши нашиот проблем бидејќи само ние знаеме што патуваме со овој автобус, а не некој друг што патува со другите автобуси и не критикуваат, вели ученикот Ил Рустеми.
Освен што се малку и преполни, Ил Рустеми вели дека автобусите не го почитуваат распоредот.
-Автобусите нормално дека имаат различен распоред, како тие на секој саат, но автобусот доцни. Се случуваат инциденти кога некои ќе се степаат и невини лица ќе се најдат среде тоа, додаде Рустеми.
И порано учениците испратиле барање до ЈСП, а од таму им ветиле дека до крај на октомври ќе се најде решение.
„Во текот на вчерашниот ден на иницијатива на в.д. директорот договорена е средба со средношколците“, велат од ЈСП.
Учениците кои се сретнале цо в.д. директорот на ЈСП Александар Стојковски, ни рекоа дека се согласни од следната недела ЈСП да врши контроли во автобусите кои сообраќаат во овие села и потоа да одлучи дали ќе има повеќе линии или не.
