Учениците од утре се враќаат на училиште. Штрајкот е ставен во мирување, а од утре и сите наставници ќе мора да се вратат на нивните работни места, информираше претседателот на СОНК, Јаким Неделков, по добиеното известување од Министерството за труд и социјална политика за мирно решавање на работните спорови.
„Согласно Законот за мирно решавање на работните спорови Член 19, Став 2, штрајкот ќе биде во прекин 10 дена, а во тој период ќе течат преговори меѓу Владата и СОНК. Доколку и во овие 10 дена ќе се изнајде решение, ќе бидат даден рок од уште 10 дена. Неделков рече дека доколку во текот на овој период не се постигне компромис, штрајкот повторно ќе биде активиран“, рече Неделков.
СОНК го откажа и најавениот штрајк за в среда пред Влада, па затоа првиот човек на синдикатот, изрази надеж дека платите ќе бидат зголемени, дневниците за време на штрајкот нема да бидат скратени и дека колективните договори ќе бидат потпишани и утврдени со рокови. Штрајкот во образование почна на 11 април, а последната понуда која Владата му ја даде на СОНК беше покачување на платите за 12%.
