Бидејќи автобусот не дојде, тргнаа пешки за да одат на училиште.
А за да стигнат до таму, треба да пешачат околу 4 километри.
Од денеска нема превоз за учениците на Визбегово кои учат во училиштата во Чаир и Бутел.
Каде живееш?
– Визбегово.
– Само ние од Визбегово одиме во други училишта.
Со што одиш?
– Тргнавме пеш од Визбегово.
Дали ти е далеку?
– Многу.
Со што патувате до училиште?
-Пешки оти автобусите не доаѓаат.
Во кое училиште учиш?
– Во училиштето „Исмаил Ќемали“.
Колку време е потребно за одење?
– 15 или 20 минути.
Дали претходно сте имале редовни автобуси?
– Немаше редовни, но понекогаш доаѓаа.
Прекин на превозот на овие ученици пред неколку дена најави градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, според кој општината поради актуелната економска криза повеќе не е во можност да обезбеди финансиско покривање за превозот на овие ученици. Тој дури рече дека побарал зголемување на блок дотациите од надлежните институции, но не добил одговор.
Го прашавме Министерството за образование и наука дали ќе најдат решение за овие ученици, оттаму добивме одговор:
„Во текот на следниот ден ќе оствариме средби со двете општини Чаир и Бутел за предметната работа и ќе разгледаме можни решенија“, велат од МОН
Инаку, во населбата Визбегово се гради основното училиште, но се уште не е готово. Додека не се изгради, учениците од оваа населба ќе се соочуваат со проблеми со превозот.
