Учениците сè уште следат настава во џамија – Желино и мон немаат решение, се обвинуваат меѓусебе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Учениците ОД Лешница, општина Желино и понатаму учат во џамија. Иако поминаа 5 месеци од уривањето на училиштето, тие се уште немаат објект во кој ќе следат настава.

Од општина Желино велат дека ја завршиле нивната обврска за изградба на темелот на училиштето, а МОН вети дека ќе го изгради другиот дел.

Но заменик министерот за образование, Лулзим Алиу, ја обвинува општината бидејќи, како што рече, министерството одвојува блок дотации за сите општини.

Четири одделенија од ова село следат настава во две смени, а поради молитвата која се врши во џамија, учениците не можат да следат полни часови. Училиштето каде тие учеле беше многу стара барака. Изградбата на училиштето почна пред изборите, но сега е оставено во заборав.