Учениците се вратија во школските клупи – и во второто полугодие, недостиг од учебници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска учениците се вратија во школските клупи и го започнаа второто полугодие. Но недостигот од учебници и натаму е пречка за квалитетно одвивање на образовниот процес. Учениците од Тетово ова второ полугодие ќе го започнат со недостиг од околу 40 илјади учебници.

„Единствениот проблем кој продолжува да владее е недостигот на книги, каде ни недостасуваат повеќе од 40.000 книги во основните и средните училишта. Од МОН неколкупати ветија дека на почетокот на учебната година а потоа рекоа дека до крајот на септември ќе обезбедат книги, кога МОН на училиштата им подели само две до три илјади учебници. Овој број на учебници кои недостасуваат и понатаму е голем, што е еден од главните елементи за развој на образовниот процес“, вели Назми Даути.

Најголем недостиг на книги има во стручните училишта каде што нема книги по повеќето предмети.

„Поголем недостиг на книги има во основните училишта, а особено има недостиг од книги во стручните училишта каде што имаме недостиг од стручни предмети. Дури и овие книги кои се во училиштата се застарени и оштетени иако според законот овие книги треба да се користат во рок од пет години. Нелогично е книга да се користи пет години, особено од прво до петто одделение каде децата се на возраст кога само прелистувањето ги оштетува, а не да се користат пет години“, порача Назми Даути.

А поради недостигот на книги, учениците се принудени да учат од белешките што ги добиваат на час. Некои други работат со фотокопирани книги иако такво нешто е забрането.