Учениците во автобус како „риби во конзерва“ – бараат да има почесто автобус со број 56 кој сообраќа во Дервен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пренатрупан до последно место, толку многу што е невозможно да се дише внатре.

Станува збор за автобусот со број 56 кој минува низ селата на општина Сарај.

Учениците се жалат дека ситуацијата е ваква секој ден и дека повеќе не можат да издржат. Дури и како што велат, често се случува учениците да немаат можност да се качат во автобус бидејќи вратата не се ни отвора поради гужваѕа.

„Нашиот проблем е што со автобусот број 56 има многу гужви и учениците не можат да се качат и да ги носат од одредени села до училишта за да го следат образовниот процес. Причина за гужвата се и бројните инциденти кои се познати и на МВР. Бараме да бидат пуштени повеќе автобуси со број 56“, вели ученик.

ТВ21 ја праша и општина Сарај дали имаат поднесено барање до ЈСП за пуштање на повеќе автобуси.

„Во општина Сарај до денес не е упатено барање од страна на учениците. Со оглед на тоа што во нашата општина има многу ученици кои патуваат секојдневно, потребно е да им обезбедиме дополнителен автобус. Ние не сме надлежни, но имаме обврска да ги насочиме овие барања до ЈСП и да се обидеме што поскоро да го решиме овој проблем“, велат од Општина Сарај.

Се обративме и до ЈСП, но до ова издание на вестите не добивме одговор. Учениците ги пропуштаат часовите поради недостаток на превоз.