Учесник во нападот на Капитол кого Трамп го помилуваше оваа година, уапсен е поради разбојништво

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Закари Алам, учесник во нападот врз американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година, кој беше помилуван претходно оваа година од сегашниот американски претседател Доналд Трамп, повторно е уапсен – овој пат за провала и вандализам во државата Вирџинија, објави „Вашингтон пост“.

Алам, 33, беше уапсен на 9 мај во предградието на Ричмонд откако жителите пријавија дека непознато лице влегло во нивниот дом и украло повеќе предмети. Полицијата на округот Хенрико го пронашла во блиската населба и го уапсила под обвинение за разбојништво.

Според извештајот, Алам и претходно е обвинет за кривични дела, вклучувајќи кражба на возило и возење во пијана состојба.

Закари Алам беше осуден на осум години затвор за неговата улога во насилната инвазија на Конгресот од страна на поддржувачите на Доналд Трамп, со која тие се обидоа да ја спречат потврдата на изборната победа на Џо Бајден. Судијата потоа го опиша како „најгласниот, најагресивниот и најнасилниот од напаѓачите“.