Училиштата во Британија принудени да отпуштаат наставен кадар поради финансиски загуби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Училишните одбори ширум Велика Британија објавија дека се принудени да го отпуштат наставниот кадар за да се избегнат финансиски загуби, и покрај ветувањата на лабуристичката влада дека ќе вработи 6.500 нови наставници, објавија денеска британските медиуми.

Ова беше едно од главните ветувања откако лабуристите дојдоа на власт во јули минатата година, но образовните синдикати сега велат дека отпуштањата на училишниот персонал веќе започнале, пренесува Гардијан.

По повеќе од една деценија кратења на финансирањето на образованието под владата на ториевците, немаше простор за отстапки, така што оваа болна мерка беше неопходна, пишува весникот.