Училиштата во Тетово ќе немаат проблем со греењето – Адеми: Нафта има во сите училишта

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Основните и средните училишта во Тетово годинава нема да имаат проблем со греење. Според општината, резервите што ги поседуваат училиштата се доволни барем до крајот на оваа година училиштата да имаат греење.

-Зимската сезона започна на 15 октомври, сега според условите, во зависност од тоа дали е многу студено, училиштата нормално го пуштаат парното. До крајот на годината нафта има за сите училишта. Но и за следната 2024 година училиштата ги завршија тендерите и имаат нафта-вели Валидин Адеми, сектор за образование Тетово.

Директорката на ОУ „Кирил и Методиј“, Сихана Каба Касами, потврдува дека имаат доволно нафта, дека парното е тестирано порано и дека веќе е пуштено.

-Имаме приоритет оваа година бидејќи во текот на летото ги сменивме и вратите и прозорците, па забележавме дека топлината веќе не излегува како минатите денови кога беше постудено во училниците. Дури и учениците реагираа и рекоа дека треба да се намали малку бидејќи е многу топло во училниците-рече Касами.

Освен ова училиште, директорите на другите општински училишта со кои контактиравме рекоа дека се снабдени со материјали за огрев.